Почетна

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата АСП-ПАК: Владата ги поддржува домашните компании за поголема конкурентност на меѓународните пазари

4 декември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес изврши посета на неколку компании од Охрид со кои Владата има склучено договори за државна помош.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на 12-та годишна конференција за управување со човечки ресурси - Инвестициите во човечкиот капитал се поддеднакво важни како и капиталните инвестиции во градењето на посилна економија

3 декември 2020

„Инвестициите во човечки капитал се поддеднакво важни како и капиталните инвестиции. Верувам дека инвестирањето во луѓе е од витално значење за благосостојбата на општеството и за градење на посилна економија. Инвестициите во областа на човечките ресурси се инвестиции во визијата на земјата и имаат директно влијание во економскиот раст, социјалната благосостојба и демократскиот развој на секоја држава“, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето воведно обраќање на свеченото отворање на 12-та годишна конференција за управување со човечките ресурси, организирана од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на првиот состанок на платформата „За татковината со љубов“– Ова е советодавно тело за економски стратешки размислувања за доброто на државата, заедно да креираме одржлива економија на долг рок

2 декември 2020


„Политики коишто резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како  и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени преку инклузивен процес на сите засегнати страни“, потенцираше во своето воведно излагање на првиот состанок на Платформата  „За татковината со љубов“, вицепремиерот за економскипрашања Фатмир Битиќи.

Undefined

Од 25-тата седница на Владата: Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба; Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри; Се зголемува бројот на стипендии за социјална поддршка на ученици

1 декември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на работна средба со директорот на ФИТР Петров: Северна Македонија ќе стане регионален старт ап центар каде младите лица ќе може да ги реализираат своите бизнис идеи

1 декември 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  се сретна со в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, со кого разговараа за спроведувањето на тековните проекти и наредните планови и проекти на Фондот.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна