Почетна

Премиерот Заев и министрите од економските ресори на состанок со германски стопанственици: Интерес за инвестиции во енергетска ефикасност, инфраструктура, дигитализација и здравство

25 ноември 2020


Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, амбасодарката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, како и Михаел Хармс, директор на Комитетот на источна Европа на германското стопанство, со воведни обраќања го отворија онлајн состанокот со делегацијата од над 20 германски стопанственици од повеќе сектори кои покажаа интерес за инвестиции во земјата.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со словенечкиот амбасадор Предан – Словенија е традиционално добар економски партнер, очекуваме зголемена трговска размена во пост ковид периодот

24 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата зaдолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новоименуваниот словенечки амбасадор во Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан, со кого разговараа за мерките за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и европските интеграции на нашата земја.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на МЕФ 2020 – Владата на Република Северна Македонија тргна храбро во енергетска транзиција, целиме да ги исполниме обврските од Зелениот договор 2050 на ЕУ

23 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата зaдолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на панелот „Предизвиците на регионалната енергетска интеграција во согласност со енергетските приоритети на ЕУ и Зелениот договор 2050 година“, кој се одржа во рамките на Македонскиот енергетски форум 2020.

Undefined

Битиќи на промоција на публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“ – Националниот развоен план е стратегија за долгорочен развој на земјава

23 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, денес се обрати на промоцијата на публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, изработена од еминентни експерти од земјата, а со поддршка од канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје. 

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна