Почетна

Вицепремиерот Битиќи на работна средба со директорот на ФИТР Петров: Северна Македонија ќе стане регионален старт ап центар каде младите лица ќе може да ги реализираат своите бизнис идеи

1 декември 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  се сретна со в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, со кого разговараа за спроведувањето на тековните проекти и наредните планови и проекти на Фондот.

Undefined

Потпишан меморандум за соработка со најголемиот ланец на хипермаркети во земјите од Блискиот исток – Македонски производи ќе се продаваат во Лулу хипермаркетите во Катар

29 ноември 2020


Вчера, в.д. амбасадоркатата на Република Северна Македонија во Катар, г-а Елма Алторок потпиша меморандум за соработка со д-р Мохамед Алтхаф, директор на хипермаркетите Лулу (Lulu Hypermarket), најголемиот ланец на хипермаркети на Блискиот Исток и еден од најголемите во Азија, со кој ќе се промовира деловна соработка за увоз на земјоделски производи, месо, производи од месо, македонски ајвар и повеќе сорти сирење во Катар.

Undefined

Од редовниот состанок на Платформата за јавно - приватен дијалог – Битиќи: Јавно-приватниот дијалог е континуиран процес, заедно создаваме услови за побрз и одржлив економски развој

27 ноември 2020


„Јавно-приватниот дијалог е континуиран процес и со редовните месечни средби помеѓу Владата и стопанските комори креираме најдобри решенија и создаваме услови за побрз и одржлив економски развој“, потенцираше во своето воведно обраќање заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на редовниот состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог, која произлегува од Меморандумот потпишан помеѓу Владата и четирите стопански комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Undefined

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки – Граѓаните може да се информираат за секоја мерка на бесплатниот телефонски број 0800 00 207

27 ноември 2020


На иницијатива на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и директорот на НЕР Реџепи: Гасификацијата се одвива по предвидената динамика, природниот гас ќе придонесе за заштита на животната средина, заштеди и поголема конкурентност на економијата

26 ноември 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  се сретна со директоротна АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна