Заев: Денеска сме тука да изнајдеме решение кое ќе биде фер за лозарите, винариите и државата

8 септември 2020


Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во Кавадарци одржаа средба со лозарите. 

English

Вицепремиерот Битиќи на средба со Независната угостителска комора – Трите сета мерки помогнаа на угостителството и туризмот, четвртиот сет ќе помогне на сите на кои им треба дополнителна поддршка

8 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, денес се сретна со претставниците на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на трите сета антикризни мерки, а дискутираа и за новиот, четврт сет на мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.

English

Премиерот Заев на средба со претставници од Сојузот на синдикати: Се стремиме кон иста цел – повисоки плати, нов Закон за работни односи, заштитата на работниците и нивните работни места и унапредување на првата на жените работнички

7 септември 2020


„Се стремиме кон иста цел – да реализираме минимална плата од 20.000 денари, со што го остваруваме и барањето на синдикатите за минимална плата која е речиси 60% од просечната плата, а просечната нето плата очекуваме да порасне до 34.000 денари до крајот на мандатот“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во изјавата за медиуми пред почетокот на денешната средба со претставници на Сојузот на синдикати.

English

Вицепремиерот Битиќи се сретна со делегацијата на Сојузот на стопански комори – Продолжува тесната соработка со стопанските комори за креирање на политики и мерки за новата развојна економија на Северна Македонија

7 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, во насока на продолжување на дијалогот помеѓу Владата и бизнис секторот за креирање на политики и мерки за новата развојна и одржлива економија на Северна Македонија, денес се сретна со делегацијата на Сојузот на стопански комори, која ја предводеше претседателката Данела Арсовска.

Вицепремиерот Битиќи, на средбата со претставниците на ССК, посочи дека Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, во насока на креирање на политики, проекти и мерки за создавање на нова развојна и одржлива економија на нашата земја.

English

Интервју со вицепремиерот Фатмир Битиќи: Новиот пакет мерки ќе ги опфати компаниите и граѓаните кои се најпогодени

06 септември 2020

 

Со следниот пакет економски мерки ќе продолжиме со креирање на развојна македонска економија и јас сум уверен дека во тоа ќе успееме. Мерките ќе бидат дефиниран низ инклузивен процес на консултации со бизнис заедницата и ќе одговорат на потребите на стопанството и на граѓаните.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS