Повик за искажување интерес

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа)

 

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, спроведуваат проект во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Македонија.

СиРеРа Проектот е во потрага по експерти кои се заинтересирани да бидат дел од Проектна единица за спроведување на проектот (ПЕСП) која се очекува да започне со работа во април 2018 година и ќе трае до декември 2020 година. КЗПВРМЕП го објавува овој повик за искажување интерес за експерти за клучни позиции во ПЕСП кои ќе бидат ангажирани штом се заврши процедурата за селекција на членовите на ПЕСП и се создадат соодветни технички услови за работа.

Единаесетиот состанок на Бизнис клубот на општина Гази Баба

Ве информираме дека на 30 март 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува на Единаесетиот состанок на Бизнис клубот на општина Гази Баба, на кој ќе ги презентира мерките од Планот за економски раст пред присутните претставници на компаниите кои работат во Општината.

Состанокот ќе се одржи во објектот на компанијата Ариље Метал, во индустрискиот комплекс МЗТ.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Во 12:00 часот, во хотелот „Арка“, вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на настан во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на кој ќе бидат презентирани наодите од следењето на работата на ДКСК  и  извештајот за проценка на корупцијата.

„Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики“, во организација на „Finance Think“;

Во 10:00 часот, во хотелот „Мериот“, вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на економски форум - „Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики“, во организација на „Finance Think“;

Владата и Европската унија обезбедија средства за поддршка на туризмот – грантови од 14 милиони евра за општините, туристичките здруженија и компаниите

16 март, 2018 година

Објавен е вториот јавен повик за доделување на грантови во рамки на Проектот за локалната и регионална конкурентност во туризмот, со кој на општините, туристичките здруженија и асоцијации, како и на малите и средни претпријатија им се дава пристап до 14 милиони евра, неповратни средства за поттикнување на туризмот во Македонија. Средствата се обезбедени од Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош ИПА 2, како и од Владата на Република Македонија, а администрирањето на средствата се одвива преку канцеларијата на Светска Банка во Македонија.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS