Вицепремиерката Царовска и директорот Деспотовски во посета на Пакомак – Преку ФИТР се поддржува технолошки развој и комерцијализација на иновации на 430 домашни микро, мали и средни компании, за 70 пати е зголемено финансирањето на проекти

29 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денес ја посетија компанијата Пакомак, корисник на кофинансиран грант за комерцијализација на иновации преку ФИТР.

Вицепремиерката Царовска на средба со стопанствениците од ГТЦ – Со мерката за субвенционирање на минимална плата, и во април и во мај поддржани се по 19 илјади фирми, за задржување на 120 илјади работни места

26 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, оствари средба со директорот на АД Градски трговски центар (ГТЦ), Ѓоко Трајчевски и здружението на стопанственици и дуќанџии кои работат во ГТЦ.

Вицепремиерката Царовска на средба со еснафот во Старата скопска чаршија – Преку 5.200 занаетчии се поддржани да ја надминат кризата со мерката за субвенционирање на минималната плата во месеците април и мај

26 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, денес оствари средба со претставници на еснафот во Старата скопска чаршија по што заедно со претседателот на здружението, Бејто Морина, извршија обиколка на дуќаните во чаршијата.

Вицепремиерката Царовска и директорот Младеновски во увид на градежни активности на компанијата Гересхаимер во ТИРЗ Скопје 2 – Над една милијарда евра странски директни инвестиции во само две и пол години

25 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони, Александар Младеновски, денес извршија увид во завршните работи на опремување на производствениот капацитет на германската компанија Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2.

Вицепремиерката Царовска, министрите Филипче и Манчевски и дополнителната заменичка министерка Шкријељ на работен состанок со културните работници дискутираа за предлог протокол за организација на јавни настани

25 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, министрите за здравство, Венко Филипче и за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка министерка за  труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денес во „Паркот на Франкoфонијата“, одржаа работен состанок со преставници од Здружението на културни работници. 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS