Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

8 јули 2020

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Одлуката стапува на сила од утре, 9 јули.

Според одлуката на Владата, на работните места и во редовен работен процес се враќаат само родителите на деца вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата и вработените во институциите надлежни за време на изборниот процес

На 74-тата седница одржана вчера, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 со која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности - родители на деца до 10 годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Вицепремиерката Царовска, претставничката на ОН Дуџак и претставникот на ФАО Ганги - Северна Македонија ги унапредува еколошките стандарди, преку ЗКФ добива континуирана поддршка за зелен развој

8 јули 2020


Зелениот климатски фонд (ЗКФ), главниот глобален фонд за финансирање на активности за борба против климатските промени, го одобри својот втор проект за Северна Македонија во рамките на Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка за да и помогне на земјата да стане поподготвена за влијанијата на климатските промени. Ова е продолжение на првиот проект поддржан од ЗКФ, успешно завршен во 2019 година.

Вицепремиерката Царовска: Во мај и јуни поддржани се над 5.000 занаетчии со мерката за субвенционирање на минимална плата

8 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска денес се сретна со преставници на фризерските салони со коишто разговараше за нивното работење за време на корона кризата.

Од 74-тата седница на Владата: 15 јули е прогласен за неработен ден; Се враќаат во редовен работен процес вработените во институциите надлежни за спроведување на изборниот процес

7 јули 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS