Недела неработен ден е реалност, моделот на имплементација треба да ги заштити сите чинители во општеството

26 март 2021

Владината мерка за недела-неработен ден ќе се преточи во законско решение и тоа во најскоро време - тоа е ветување што Владата го стави како приоритет во владината програма и истото ќе се оствари.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на редовната средба на Комисијата за јавно-приватен дијалог: За сите важни економски прашања имаме отворена дискусија со стопанството

26 март 2021


Согласно воспоставената практика, секој последен петок во месецот да се одржи седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, и денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на која претставниците на Владата дискутираа со претставници на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки  на Платформата за јавно-приватен дијалог.
Зборувајќи на седницата, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, посочи дека со одржување на овие редовни месечни седници е воспоставен одличен систем, преку кој во континуитет продолжуваат разговорите помеѓу Владата и државните институции, од една страна и стопанските комори, како претставници на бизнис секторот од друга страна, за важни економски теми.

Undefined

Премиерот Заев: Иновациите движат напред, македонските „зелени машини“ се извезуваат во светски рамки

24 март 2021


„Овие времиња на економски предизвици за голем број компании значат и поголема иновативност и прилагодување на новите трендови. Инвестициите во човечки и машински ресурси несомнено придонесуваат за зголемување на продуктивноста и квалитетот, што на крај резултира со подобра конкурентност и подобар пласман на производите“, истакна премиерот Зоран Заев од велешката компанија „Брако“ на промоцијата на инвестициите во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.

Undefined

Од 57-мата седница на Владата: Владата ѝ укажа на Општина Охрид да се превенираат градежните работи на локацијата ресторан „Парк“; Усвоен текстот на Договорот за гасниот интерконектор со Грција; Мартовските пензии започнуваат да се исплаќаат на 29 март

23 март 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 57-ма седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и донесе заклучок со кој ѝ се укажува на Општина Охрид да превенира градежни работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“, до утврдување на фактичката состојба од страна на стручната комисија на Министерството за транспорт и врски, која ќе изврши увид во процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“ и за своите наоди ќе ја извести Владата на нејзината наредна седница.

Undefined

Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април

22 март 2021

Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS