Вицепремиерот Анѓушев на „Жешко столче во телевизија Телма“ – Владата гради реална економија одржлива на долг рок

25 декември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев гостуваше во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, кадешто направи осврт на реализацијата на економските политики на Владата во 2018 година и зборуваше за очекувањата и проекциите на економскиот раст во новата година.

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ И МИНИСТРИТЕ ОД ЕКОНОМСКИ РЕСОРИ НА СРЕДБА СО СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ – ИСПОЛНЕТИ СЕ СИТЕ ПРЕДУСЛОВИ ДА 2019 БИДЕ ЕКОНОМСКА ГОДИНА

Денес, во Владата на Република Македонија се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, којашто произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ).

ЈАВНО ОТВОРЕНИ ПОНУДИТЕ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – ДВЕ КОМПАНИИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ

Комисијата за спроведување на постапката за избор на Универзален снабдувач, со која претседава академикот, проф д-р Глигор Каневче, денес по истекот на рокот за поднесување на апликации на јавниот повик, веднаш по 15:00 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.

Вицепремиерот Анѓушев ја посети компанијата Комфи Ангел и оствари средба со стопанствениците од Прилеп – Владата обезбеди поддршка за македонските компании и креира позитивни решенија за бизнисот преку новиот закон за прекршоци

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, во придружба на министерот задолжен за странски инвестиции Бардул Даути и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, реализираше работна посета на компанијата Комфи Ангел во Прилеп, при што се сретна со менаџментот на фирмата и изврши обиколка на производствениот погон со цел да се запознае со инвестициските процеси во компанијата.

Анѓушев и Младеновски на увид во градежните работи во новата странска инвестиција Баумер во која ќе се вработат до 350 лица: индустријализацијата на Македонија е шанса да останат младите високообразовани кадри во земјава

Вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев и директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски, во присуство на  Марсел Фрај – оперативниот извршен директор на корпорацијата „Баумер“ и  Новица Шотаровски – директор на фабриката „Баумер“ во Македонија, денеска извршија увид во градежните работи на производствениот погон на оваа швајцарска компанија во ТИРЗ Скопје 1, по што беше потпишан договорот за државна помош.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS