Потпишани договори за реализација на три проекти за технолошка екстензија – 1 милион евра кофинансирани грантови за повисока конкурентност на стопанството

Вкупно 2,4 милиони евра ќе чини реализацијата на трите проекти, добитници на кофинансирани грантови за технолошка екстензија од првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 1 милион евра се средства кои се доделуваат од ФИТР, а другите средства се обезбедени од апликантите.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПРОМОЦИЈА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СТРУЧНИТЕ ЗАНИМАЊА НУДАТ СТАБИЛНО ВРАБОТУВАЊЕ И СОЛИДНИ ПЛАТИ

Денес во Владата на Република Македонија, потпишан е Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промоција на стручните занимања и стручното образование, чија главна цел е јакнење на свеста за значењето на овој тип образование и занимања, како и нивна промоција кај младите луѓе и нивните родители.

Вицепремиерот Анѓушев на бизнис форум во организација на Италијанската агенција за трговија – се планира реализација на многу инфраструктурни проекти, искуството и знаењето на италијанските компании се добродојдени

Искуствата, технологиите и знаењата на италијанските компании во фазите на проектирање, изведба и надзор на градежните проекти кои се планира да се реализираат во Македонија се добродојдени, порача заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на отворањето на бизнис форумот кој го организира канцеларијата на Италијанската Агенција за трговија во Скопје. 

Вицепремиерот Aнѓушев и министерот Бектеши од Министерскиот совет на Енергетската заедница: Владата посветено ги спроведува реформите во енергетскиот сектор

Денес, во рамките на претседавањето на Република Македонија со Министерскиот совет на Енергетската заедница, во Скопје се одржа 16 состанок на ова тело, кадешто учествуваа претставници од Европската комисија, Секретаријатот на Енергетската заедница и повеќе министри задолжени за економија,  енергетика и животна средина од земјите потписнички на договорот за формирање на ЕЗ. 

Македонија домаќин на 16-тиот состанок на Советот на министри на Енергетската заедница: По исполнување на приоритетите од претходниот состанок, земјата постави нови, уште поамбициозни приоритети

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик–претседателот на Владата, Кочо Анѓушев и со претседавачот на Министерскиот Совет и министер за економија во Владата на Република Македонија Крешник Бектеши, денеска го отворија 16-тиот состанок на Советот на министри на Енергетската заедница. 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS