Вицепремиерот Aнѓушев и директорот на Царинската управа Танаскоски: со концептот на овластен економски оператор се олеснуваат царинските процедури и се убрзува транспортот на стоки

Олеснувањето на административните царински процедури и убрзувањето на прекуграничниот транспорт на стоки се само некои од придобивките од воведувањето на концептот на Овластен економски оператор, заклучија вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танаскоски, на денешната четврта по ред работилница, кадешто пред бизнис заедницата е претставен концептот кој за првпат се воведува во Република Македонија. 

Вицепремиерот Aнѓушев и министерот Бектеши на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница – Законот за енергетика овозможува инвестиции со кои ќе се зголеми учеството на енергијата од обновливи извори

Во рамките на претседавањето со Министерскиот совет на Енергетската заедница во 2018 година, денес во Собранието на Република Македонија се одржа Состанок на Парламентарниот пленум на ЕЗ, со кој претседаваше пратеникот Хари Локвенец, а на кој се обратија и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши, како  и директорот на Енергетската заедница Јанез Копач.

Вицепремиерот Анѓушев на панел дебата за зголемување на соработката помеѓу домашните и странските компании: Владата преку низа мерки ја поттикнува соработката

Постои волја и желба и кај домашните компании и кај странските инвеститори меѓусебната соработка да се интензивира, но за тоа е потребен соодветен квалитет на производите, брза испорака и соодветна цена. Владините мерки даваат можност за технолошка екстензија на компаниите и поттикнуваат повисоко ниво на конкурентност, но потребно е време домашните компании да го достигнат потребното ниво на продуктивност и да ги задоволат стандардите кои странските компании ги побаруваат. Ова се само дел од заклучоците изнесени на денешната панел дебата на тема „ Домашните претпријатија - главни снабдувачи на мултинационалните компании: потенцијали и предизвици“, организирана од „Фајнанс Тинк“, во соработка со Делегацијата на Европската Унија и Центарот за управување со промени.

Започна со работа Мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Македонија и Германија – Вицепремиерот Анѓушев: да се забрза економската соработка помеѓу земјите

Денес, во Владата на Република Македонија, се одржа првиот состанок ма мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Р. Македонија и СР Германија, тело кое е формирано на германска иницијатива, а во насока на интензивирање на соработката на двете земји во економското поле.

Вицепремиерот Анѓушев во посета на комбинатот Југохром во Јегуновце: Владата донесе одлука со кредит од 1,5 милиони евра преку МБПР да го помогне рестартирањето на фабриката и да се обезбеди егзистенција на околу 500 семејства

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го посети металуршкиот комбинат Југохром Алзар во Јегуновце, по одлуката на Владата да се помогне за рестартирање на фабриката. На последната седница на Владата, донесена е одлука, преку Македонската банка за поддршка на развојот, со комерцијален кредит од 1,5 милион евра, да се помогне Југохром да се рестартира.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS