Николовски и Анѓушев од работниот состанок на Министрите за Земјоделство од ЈИЕ: Со јакнење на регионалната соработка до поконкурентни производи и зголемен извоз на меѓународните пазари

Македонија од оваа година го презема претседателството со Секретаријатот Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG). Ова денеска и официјално беше соопштено на годинешниот 12-ти работен состанок на Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, кој што се одржува во Струга, а домаќин е македонското Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство. 

Средба помеѓу Вицепремиерот Анѓушев и новиот амбасадор на Полска Тјицињски – Поддршка од Полска за евро-атлантските интеграции и посилна меѓусебна економска соработка

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари иницијална средба со новоименуваниот амбасадор на Република Полска Н.Е. г-дин Војчех Тјицињски.

На состанокот се разговараше за меѓусебната соработка помеѓу двете земји, при што се потенцираше поддршката од Република Полска за евро-атлантските процеси на Република Македонија, како и за економската соработка помеѓу двете земји.

Премиерот Заев со вицепремиерот Анѓушев и министерот Тевдовски во Стопанската комора за буџетот за 2019: Ова ќе биде година на економијата и на социјалната правда

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска учествуваа на втората буџетска Конференција, во организација на Стопанската комора.

Вицепремиерот Aнѓушев на средба со стопанственици од Кавадарци – Владата е посветена на развој на компаниите и раст на економијата

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес во Кавадарци, оствари средба со триесетина стопанственици од овој регион, каде презентираше дел од програмите на Владата за поддршка на бизнис секторот и ги слушна потребите на бизнисмените.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS