Вицепремиерот Анѓушев и министрите Тевдовски и Адеми од Виенскиот економски форум: Реформите во енергетскиот, финансискиот и образованиот систем, како и инфраструктурните проекти ја прават Северна Македонија достајна за влез во ЕУ

20 мај 2019


Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдосвки и Арбер Адеми, во рамки на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори - нови перспективи за Република Северна Македонија, го презентираа потенцијалот за инвестирање во земјата и тоа во областа на инфраструктурата и енергетиката, во финанскиот сектор, како и можностите за инвестирање во човечкиот капитал. 

Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 116 годишнината од смртта

02 мај 2019


Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев: Ги охрабруваме стопанствениците да ги користат мерките за поддршка на компаниите за севкупен развој на струмичкиот регион

02 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржаа работна средба со претставници на бизнис секторот од струмичкиот регион. По завршување на работната средба премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев дадоа кратки изјави за медиумите.

Од редовната седница на Економско – социјален Совет: Барањата на синдикатите во најголем дел ќе бидат опфатени во новиот Закон работни односи

01 мај 2019


По повод Први мај- Денот на трудот денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на Економско –социјалниот Совет на кој синдикатите и работодавачите ги испорачаа своите барања до економскиот тим од Владата.

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на работна средба со МАТТО: Низ заедничка соработка и партнерски однос со бизнис секторот ги отвораме перспективите за развој на македонската економија

23 април 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за образование Арбер Адеми денеска на покана на Стопанската комора Македонија - Турција МАТТО остварија работна средба на којашто заедно со претставниците на бизнис заедницата што ги застапува оваа комора разменија размислувања и предлози за подобрување на бизнис климата и унапредување на економскиот развој на земјата.

 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS