Обраќање на вицепремиерот Анѓушев на свечено отворање на сместувачки капацитет на ФФМ

Ве информираме дека на 15-ти февруари 2018 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на настанот во врска со свеченото отворање на сместувачки капацитет на Фудбалската академија при Фудбалската федерација на Македонија.

Официјалните обраќања ќе започнат околу 12:30 часот, пред „Куќата на фудбалот“ на ФФМ во општина Аеродром.

Ги покануваме претставниците на медиумите да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев и останатите говорници согласно програмата.

Thursday, February 15, 2018 - 12:30