Промоција на јавен повик за доделување на грантови за локална и регионална конкурентност

Во 11:00 часот, во медиа центарот на Владата на Република Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушев, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини и директорот на канцеларијата на Светска Банка Марко Мантованели, ќе одржат прес конференција, во врска со промоција на јавен повик за доделување на грантови од Проектот за локална и регионална конкурентност. По прес конференцијата во Свечената сала на Владата ќе се одржи трибина на истата тема и медиумите ќе имаат можност да снимат кадри од почетокот на трибината.

Friday, March 16, 2018 - 11:00