И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Ве информираме дека на 12 април 2018 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и м-р Горан Сугарески, министер за транспорт и врски ќе реализираат службена посета во Белград, Република Србија, кадешто ќе остварат средби со претставници на Владата на Република Србија и на Стопанската комора на Србија.

Во 12:00 часот, во зградата на Владата на Република Србија (ул. Немањина 11, Белград), планирана е заедничка изјава за медиумите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Околу 14:00 часот, вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески, во просториите на Стопанската комора на Србија,  ќе остварат средба со претседателот на комората, г-дин Марко Чадеж, а потоа пред претставници на компании, членки на комората, ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Wednesday, April 11, 2018 - 16:45