Учество на вицепремиерот Анѓушев на Berlin Energy Transition Dialogue 2018

Ве информираме дека на 17-18 април 2018 година, д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања е во службена посета на Берлин, СР Германија, кадешто учествува на Четвртиот Самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска безбедност (4th Berlin Energy Transition Dialogue 2018), во организација на германската Влада.

Вицепремиерот ќе има обраќање на денешната попладневна сесија „Придонес на обновливите извори во енеретската сигурност“ во период од 14:00-15:45 часот, а ќе оствари и средби со министри за енергетика кои ќе присуствуваат на настанот.

Во прилог Ви доставуваме заедничка фотографија од учесниците на настанот.

Tuesday, April 17, 2018 - 14:00 to Wednesday, April 18, 2018 - 15:45