Учество на вицепремиерот Анѓушев на форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во организација на ССК

Почитувани,

Ве информираме дека на 25 април 2018 година (среда), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува на форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“, во организација на Сојузот на стопански комори.

Настанот ќе се одржи во хотелот Александар Палас, а ќе започне во 12:00 часот.

Покануваме претставници на медиумите да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на форумот.

 

Wednesday, April 25, 2018 - 12:00 to 12:45