План за економски раст

Владата на Република Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на макеоднските компании.

Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, усвоен од Собранието на Република Македонија во мај 2018 година, додека мерките од третиот столб ќе се спроведуваат преку имплементација на Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од Планот за економски раст.

Во продолжение можете да ја преземете презентацијата во која се прикажани сите мерки од Планот за економски раст, на македонски и англиски јазик, Законот за финансиска поддршка на инвестициите на македонски и албански јазик, Правилниците за доделување и исплата на финансиска поддршка, како и среднорочната програма за поддршка на мали и средни претрепијатија на Фондот за иновации и технолошки развој.

  • 1.Презентација на мерките од Планот за економски раст на македонски јазик
  • 2.Презентација на мерките од Планот за економски раст на англиски јазик;
  • 3. Закон за финансиска поддршка на инвестициите на македонски jaзик;
  • 4. Закон за финансиска поддршка на инвестициите на албански jaзик
  • 5.Правилник за доделување на финансиска поддршка
  • 6.Правилник за исплата на финансиска поддршка
  • 7.Среднорочна програма на Фондот за иновации и технолошки развој за период 2018-2020
  • 8.Калкулатор на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност
  • 9.Барање за исплата на финансиска поддршка
  • 10.Барање за доделување финансиска поддршка ASIPI
  • 11.Барање за доделување финансиска поддршка DTIRZ
  • Модел- писмо за намери
  • Модел- деловен план
  • English