Демант за објавена лажна вест на телевизија Алфа

Почитувани,

 

Владата на Република Македонија во име на претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменик на претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, а се со цел точно, транспарентно и целосно информирање на јавноста Ви го испраќаме следното соопштение во кое е вклучен демант кој се однесува на прилогот емитуван на ТВ Алфа на 11.10.2018 година насловен како „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“.

 

 

Д Е М А Н Т

Владата на Република Македонија категорично и целосно ја отфрла содржината  на насловот и прилогот емитуван на ТВ Алфа на 11.10.2018 година како невистинит и тендециозен.  

Владата на Република Македонија укажува дека изјавата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е  погрешно  пренесена и врамена во сосема неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев. 

Прилогот е подготвен надвор од професионалните новинарски стандарди, а изјавата е во целост погрешно интерпретирана.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев од ТВ Алфа бараат јавно и децидно извинување за објавениот прилог:

„ТВ Алфа им се извинува на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласираните лажни информации во  прилогот насловен „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“. Изјавата на премиерот Заев е неточно и погрешно пренесена со што е објавена лажна вест со која се нанесува штета на угледот на премиерот Зоран Заев и на заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев“.

Владата на Република Македонија бара јавно извинување за објавениот прилог во истот термин и формат (вести) каде е емитуван прилогот. 

Објавата на овој демант ќе се смета за целосна вклучувајќи го и јавното извинување прочитано во целост и во форматот во кој е емитуван прилогот – во вестите на ТВ Алфа.

Во спротивно ќе бидат превземени сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на интегритетот на засегнатите страни. 

АКТУЕЛНОСТИ: