ОГЛАСИ ЗА ШЕСТ ЕКСПЕРТСКИ ПОЗИЦИИ ЗА КОНСУЛТАНТИ ЗА ЗЕЛЕН КЛИМАТСКИ ФОНД

Во рамките на Програмата за национална подготвеност финансирана од Зелениот Климатски Фонд (ЗКФ), Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) заедно со Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, како Национален овластен орган за ЗКФ, го спроведуваат проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам во врска со Зелениот климатски фонд” 

За потребите на реализација на проектот огласени се повици за шест експертски позиции, кои би работеле под водство на меѓународни експерти од ФАО  и во блиска соработка со кабинетот на Заменик Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

ФАО и Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања ги покануваат сите кандидати кои  ги исполнуваат условите да конкурираат на огласите. Заинтересираните кандидати потребно е да достават професионална биографија - CV и мотивационо писмо, (исклучиво на англиски јазик) со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.

Повикот, начинот на аликација и детален опис за секоја од позиициите се објавени во следните документи:

•    Национален тим лидер и консултант за климатски промени/National team leader and climate change consultant
•    Национален консултант за климатски финансии/National climate finance consultant
•    Национален консултант за процедури за приоретизација /National prioritization procedures consultant
•    Национален консултант за координативен механизам/National coordination mechanism consultant
•    Национален консултант за родови и малцински прашања/National gender and minority consultant
•    Национален консултант за веб платформи/National web platform consultant


Рокот за поднесување на апликации е  до 10 Февруари, 2019 година, пред 12:00  часот Централно европско време (CET).

АКТУЕЛНОСТИ: