Вицепремиерот Анѓушев За енергетските реформи Во Земјата – Република Северна Македонија квантен скок

18 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, присуствуваше на свеченоста на која беше одбележена 97-мата годишнина на Стопанската комора на Македонија, најдолговечната комора во земјата.

Вицепремиерот Анѓушев, во име на Владата, но и како долгогодишен потпретседател на Комората, го честиташе овој значен јубилеј и истакна дека оваа организација е исклучително важна за развојот на економијата во земјата. 

„Стопанската комора на Македонија е една од организациите која е најдолговечна во земјата и ретко која организација може да се пофали со 97 годишно постоење. Комората ја препознавам како место кадешто се развива македонската економија, во соработка со другите комори, со најголем број на членки кои во голема мера го создааваат бруто домашниот производ на Република Северна Македонија“, истакна вицепремиерот Анѓушев на свеченоста.

Вицепремиерот Анѓушев и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, за време на свеченоста доделија специјални признанија на странски амбасади, компании, невладини организациии и асоцијации во десет категории, за поддршка на економскиот развој на земјата. Помеѓу другото Вицепремиерот учествуваше во доделување на специјални признанија за развој на дуалниот модел на образование, поттикнување на извозни активности на македонски производи, за спроведување на едукативни активности, соработка при реализација на заеднички проекти, како и за унапредување на регионалната економска соработка.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: