Вицепремиерот Анѓушев:економијата бележи континуиран раст, се намалува невработеноста и се зголемуваат платите

10 март 2019

Економијата во Република Северна Македонија бележи контиуниран раст, задвижени се активностите во сите сектори, што резултира со значително намалување на невработеноста и зголемен притисок на пазарот на труд за покачување на просечните плати, беше одговорот на вицепремиерот Анѓушев на новинарско прашање поставено за време на прес конференцијата на која се презентираше моделот за поддршка за изградба на нови фотонапонски електрани на државно и приватно земјиште.

„Не треба да заборавиме дека Владата ја презема економијата со негативна стапка на раст од -1,7%, а од тогаш стапките на раст имаат контиуниран позитивен тренд. Во последниот квартал на 2018 година стапката на раст изнесува 3,7% и очекуваме во првиот квартал на 2019 година позитивна стапка на раст бруто домашниот производ. Бруто домашниот производ во нашата земја се генерира од градежништвото, индустријата и земјоделството, како три клучни гранки, како и од трговијата која е резултат од останатите три. Градежништвото е сериозно раздвижено, и кога станува збор за патиштата, за железницата, гасоводот, но и кај приватните инвеститори, во делот на индустриски и резиденцијални објекти. Индустријата е серизно раздвижена, во јануари 2019 година бележиме раст на индустриското производство од над 12%, а во земјоделството бележиме пораст на насадени површини, очекуваме позитивни бројки кога станува збор за раст на Бруто домашниот производ во 2019 година“, нагласи вицепремиерот.

Во однос на намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите, вицепремиерот подвлече дека очекува дополнително намалување на стапката на невработеност, како и раст на платите, како резултат на отворање на нови работни места, пред се во приватниот сектор.

„Во рамките на економско-социјалниот совет се води дијалог со приватниот сектор за нивото на минималната плата, а Владата нема да донесува избрзани решенија. Платите во државата ќе продолжат да растат, но не само поради нивото на минималната плата, таа е заштитен механизам за оние работници кои не се во можност да избираат или сменат работно место. Поголемиот дел од граѓаните ја имаат можноста да избираат работа, пред се затоа што се повеќе се отвораат нови работни места. Само минатата година се отворија 26.600 нови работни места, неспоредливо поголем дел во приватниот сектор. Притисокот на растот на платите ќе продолжи, имаме 18 фабрики во разни фази на градба само во Технолошко-индустриските развојни зони, триесетина нови погони на домашни компании, а голем број на индустриски капацитети најавија проширување на своето производство. Проектите во градежниот сектор ќе бараат дополнителен ангажман на градежни работници, само за патишта имаме проекти од над 1 милијарда евра и дополнително се очекува почеток на градба на втората фаза од железницата кон Бугарија. Сите овие процеси ни даваат за право да очекуваме очекуваме процентот на невработеност кој во моментов достигна рекордно ниско ниво од 19,4% и е намален за околу 3,5% за само една година, да продолжи да опаѓа, а да продолжи позитивниот тренд на раст на платите, заклучи Вицепремиерот.

АКТУЕЛНОСТИ: