ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРЕМИЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ ИЗГРАДЕНИ НА ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Во насока на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, Владата на Република Северна Македонија го усвои Законот за енергетика во мај 2018 година, со кој се овозможуваат приватни инвестиции во производствени капацитети од обновливи извори. Согласно плановите на Владата, во наредниот период, на принцип на Премија, ќе се овозможи изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 200 MW, со што десеткратно ќе се зголеми производството на електрична енергија од фотонапонски електрани.

Како прв чекор во оваа насока, Министерството за економија го објави јавниот оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија. Станува збор за јавен оглас за изградба на фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 35 MW, на локации во Азамбегово (Свети Николе) и Манастирец (Македонски Брод).

За да се задоволат потребите на различни инвеститори, парцелите за изградба се поделени на различни големини и инвеститорите ќе може да аплицираат за фоотнапонски централи со инсталирана моќност од 10 MW, 5 MW, 2 MW и 1 MW.

Повеќе информации за јавниот оглас можете да добиете овде.

 

_______________________________________________________________

 

PUBLIC ANNOUNCEMENT FOR AWARDING A CONTRACT ON RIGHT TO USE PREMIUM ON ELECTRICITY PRODUCED FROM PHOTOVOLTAIC POWER PLANTS CONSTRUCTED ON STATE-OWNED LAND OF REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

In line with increasing the electricity production from renewable resources, the Government of the Republic of North Macedonia adopted the Law on Energy in May 2018 that enables private investments in production capacities from renewable resources. In pursuance with the plans of the Government, in the following period, the premium principle will enable construction of photovoltaic power plants with installed capacity of 200 MW, thus increasing the production of electricity from photovoltaic power plants by 10 times.

As first step of this procedure, the Ministry of Economy published the public announcement for awarding a contract on right to use premium on electricity produced from photovoltaic power plants constructed on state-owned land of republic of North Macedonia. This involves a public announcement for construction of photovoltaic power plants with installed capacity of 35 MW on locations in Azambegovo (Sveti Nikole) and Manastirec (Makedonski Brod).

In order to meet the needs of different investors, the construction plots are divided into different sizes and the investors can apply for photovoltaic power plants with installed capacity of 10 MW, 5 MW, 2 MW and 1 MW.

More information on the public announcement you will find here.