Исполнети се барањата на вработените од Еурокомпозит - Владата го усвои Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Еурокомпозит АД Прилеп

31 jули 2019

Владата на Република Северна Македонија на 148-та седница одржана на 30 јули 2019 година го усвои и достави до Собранието Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит АД“ Прилеп со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост. 
 
Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата, за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.
 
Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври - Еурокомпозит АД Прилеп.
 
Законот е доставен до Собранието на Република Северна Македонија и во согласност со агендата на Собранието, очекуваме да биде усвоен во што е можно покус временски рок.
 

АКТУЕЛНОСТИ: