Вицепремиерот Анѓушев и Директорот на ФИТР Деспотовски на презентација на производот на компанијата ВТ Продакшн – Поддржани 130 компании преку мерките од Планот за економски раст, досега исплатени над 8 милиони евра поддршка

5 септември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, присуствуваа на презентација на производот на компанијата ВТ Продакшн од Скопје, добитник на ко-финансиран грант од Фондот, која се оддржа на полигонот за вежби на Бригадата за против пожарна заштита на град Скопје.

Компанијата ВТ Продакшн со вкупни средства од околу 100 илјади евра, од кои 2/3 се грант од ФИТР, разви адитив-ретардер, за вода за гасење и заштита од пожар, кој го нарекоа Fireless, чија функционалност беше презентирана преку три показни вежби.

Вицепремиерот Анѓушев, по презентацијата на производот, искажа задоволство што е развиен производ каков досега нема во регионот, а кој може да има голема примена при заштита и гасење на пожари, со што се докажува дека финаниските средства од Фондот наменети за комерцијализација на иновации се правилно наменети.

„Се надеваме овој адитив да стане комерцијален производ и дека компанијата ќе најде соодветен пазар каде ќе го пласира производот, што е и целта на програмата за поддршка на малие и средни компании на ФИТР; да се развијат производи и истите понатаму да се комерцијализираат, со што компаниите ќе растат“, рече вицепремиерот.

Анѓушев посочи дека во 2018 година потпишани се договори со 133 компании, чии инвестиции се очекува да достигнат 28 милиони евра, од кои над 16 милиони поддршка од државата.

„Сите проекти на овие компани се во фаза на реализација, а веќе 8,2 милиони евра се исплатени на компаниите кон компаниите. На јавниот повик во 2019 година имаме навистина висок интерес, доставени се над 500 апликации, а буџетот е проектиран на 10 милиони евра од кои 2 милиони се од Светска Банка, која ја препозна важноста на програмата. Со ребалансот на буџетот планираме и дополнитени средства за Програмата за поддршка на мали и средни претријатија, согледувајќи го големиот интерес од компаниите“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, посочи дека компанијата ВТ Продакшн е добар пример на мала домашна компанија, која разви уникатен производ во соработка со академската заедница, кој може да најде практична примена и да помогне во надминување на еден актуелен предизвик, односно пожарите кои се појавуваат.

„Ова е производ кој може да најде примена и во Северна Македонија, но и во регионот и секаде во светот. Овој проект е дел од дваесетината проекти за заштита на животната средина, кои се со вкупна вредност од околу 200 милиони денари, дел од средствата се обезбедени од Фондот, а дел од самите компании. Очекуваме вакви видливи и конкретни резултати од сите компании, за да може граѓаните и општеството да ги почуствуваат резултатите од проектите“, потенцираше директорот Деспотовски.

Управителот на ВТ Продакшн Влатко Тасевски изјави дека компанијата ќе донира од 10-15 илјади литри од адитивот на надлежните институции, кои се во вредност од 6-10 илјади евра, за да се утврди неговата функционалност и примена во теренски услови. Тој дополни дека со средствата од Фондот, се забрзала имплеметацијата на проектот, кој почнал да се развива во март 2019 година и само за шест месеци е влезен во пред комерцијална фаза.

 

Линк до изјава на вицепремиерот Анѓушев: 

Линк до изјава на ДФИТР Деспотовски: 

АКТУЕЛНОСТИ: