Стартот на фабриката „Баумер“ од Швајцарија во Бунарџик е уште една успешна приказна за економските политики на Северна Македонија

31 октомври 2019


Денеска го означуваме свечено и официјално почетокот на работата на новата фабрика на „Баумер“, која на својата листа од 38 компании и подружници во 19 земји во светот, ја стави и оваа фабрика и Северна Македонија, рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на работата на оваа фабрика во Трговско индустриската зона 1 во Бунарџик, Скопје.

Компанијата „Баумер“ од Швајцарија е една од светски најпознатите производители на сензори, инструменти за мерење, испитување и навигација, според најмодерна технологија и се употребуваат во автомобилската, индустриската, медицинската наука, во авио-индустријата, кај мобилните уреди, во градежниот сектор и во други области.Компанијата има вработено 2.500 вработени низ светот, а во оваа своја фабрика во нашата земја, во која ќе бидат вложени 4,7 милиони евра, во првата фаза ќе вработи 150 граѓани.

„Компанијата „Баумер“ и Владата на Република Северна Македонија ги обединуваат 
вредности како што сеискреното партнерството, посветеноста на високите технологии и на прецизноста, и пионерскиот дух во постојаниот стремеж за иновативност и компетитивност.Владата на Република Северна Македонија за да креира амбиент соодветен на модерниот пазар, фокусот на своите политики за поддршка на странските и домашните инвестиции го стави на воспоставување деловни врски со такви компании.
„Баумер“ е една од нив. Станува збор за компанија која е синоним за квалитет, компетентност и   софистицирани производи и решенија кои ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди и сигурно ги задоволуваат потребите на клиентот во секое време“, истакна премиерот Заев, и додаде дека како и „Баумер“, така и политиките на Владата се насочени кон поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии.  Остварувањето на таа цел секогаш ќе овозможува да се биде чекор понапред од пазарот и да се приближите кон потребите.

На свечената церемонија по повод пуштањето во работата на фабриката Баумер во Северна Македонија на која присуствуваа и сопствениците на групацијата Баумер д-р Оливер Вице и г. Кристијан Вице, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, г. Кочо Анѓушев, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, г-ѓа Сибил СутерТехада, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ , г. Александар Младеновски, и други гости, премиерот Заев ја издвои како особено значајна и развојната компонента во бизнис планот на компанијата која планира изградба на нова зграда за проширување на производството и да оформи центар за истражување и развој со што во фабриката „Баумер“ во Северна Македонија ќе се отворат можности за дополнителни 500 работни места.  

Заменик претседателот во Владата на Северна Македонија, задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев, во своето обраќање го потенцираше фактот што компанијата „Баумер“ е една од најдобрите во светот на високата технологија и нејзината фабрика во нашата земја е во согласност со политиките во поддршката на странските инвестиции да се привлечат колку што е можно повеќе вакви компании.

„Баумер“ е меѓународна компанија од високата технологија, посветена на компоненти за мехатронички системи и нивните совршени и прецизни производи се неизоставни делови од автомобилската, авио-индустријата, кај мобилните технологии, во градежништвото и во медицината. Им благодарам што ја избраа нашата земја со што се потврдува дека Законот за финансиска поддршка на инвестиции е атрактивен и дека е привлекува голем интерес во светот. Во таа насока на успешност говорат и бројките дека за само две години 20 компании започнаа да ги градат своите фабрики во ТИРЗ-овите, како и десеттина други надвор од зоните“, нагласи Заменик претседателот во Владата на Северна Македонија, задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев.

Директорот на Дирекцијата за трговско индустриски зони Александар Младеновски упати честитки на сопствениците и менаџерите на „Баумер“ за стартот на работата на нивната фабрика.

„За краток период двете страни, и менаџерите на „Баумер“ и ние од дирекцијата за ТИРЗ и од економските ресори во Владата на Северна Македонија, вложивме огромни напори и ги остваривме сите точки од планираната изградба и опремување на фабричките капацитети за да стартува работата на фабриката“, рече Младеновски.

Оливер Вице, еден од сопствениците на „Баумер“ во својот говор нагласи дека одлуката на компанијата да инвестира во Северна Македонија е донесена заради поволните политики за поддршка на странските инвестиции, заради постоењето на висококвалификувана работна сила, како и заради пристапот до пазарот на ЕУ за пласирање на производите.

„Никогаш до сега не сме изградиле толку бргу, и тоа што е особено битно е што тоа е постигнато според нашите швајцарски стандарди за градење и за отпочнување на технолошкиот процес. Тие критериуми тука се исти како и оние во Швајцарија или во Германија“, истакна д-р Оливер Вице, еден од сопствениците на групацијата „Баумер“.

Амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил СутерТехада, истакна дека компаниите од оваа земја се многу внимателни кога донесуваат одлуки каде да инвестираат.

„Нивните очекувања се многу повеќе од квалификувана работна сила. Компаниите од Швајцарија очекуваат и поволна и предвидлива средина за бизнис и ми претставува големо задоволство да соопштам дека постои значително зголемен интерес на швајцарските компании да инвестираат во Северна Македонија“, потенцираше амбасадорката СутерТехада.

 

Линк до видео со инсерти:

Линк до видео со обраќањето на ПВРСМ Заев:

Линк до видео со обраќањето на ЗПВРСМ Анѓушев:

Линк до видео со обраќањето на Младеновски:

Линк до видео со обраќањето на амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада:

Линк до видео со обраќањето на сопственикот на фабриката „Баумер“, Оливер Вице: 

АКТУЕЛНОСТИ: