Оддржана дваесет и петтата седница на Советот за рамномерен регионален развој – 21,6 милиона денари заштедени средства ќе бидат доделени за реализација на нови проекти и дофинансирање на постојни проекти

3 декември 2019


На денешната седница на Советот за рамномерен регионален развој со која претседаваше заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев се дискутираше за предлогот на министерството за локална самоуправа, за распределба на средства за финансирање на проекти на планските региони од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Средствата во износ од околу 21,6 милиони денари се резултат на заштеди остварени при реализација на проекти од страна на Центрите за развој на планските региони во сите осум плански региони. Поради ова, Советот на денешната седница донесе oдлука овие средства да бидат доделени за 3 нови проекти и за зголемување на износот на 5 веќепостојни  проекти. 

Со заштедените средства ќе се финансира уредување на дел од индустриските зони во Југоисточен плански регион, со цел зголемување на економскиот развој, проект за „Помалку отпад за поквалитетен живот“, унапредување на техничките капацитети на Јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот плански регион и овозможување поквалитетни услуги од регионално значење како и подобрување на туристичката понуда во Североисточниот плански регион преку инвестиции во докапитализација на градски базен во Куманово. 

Дополнително, извршено е дофинансирање на проектот за ревитализација на патот Богородица – Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија – Богданци (втора фаза), подготовка на техничка документација за локални регионални патишта во Југозападниот плански регион, подобрување на инфраструктурните услови за создавање на мултифункционален објект за поддршка на културно – уметнички и спортско – рекреативни настани во Општина Лозово, како и подобрување на руралната инфраструктура во Вардарскиот плански регион преку изградба на Центар за откуп на земјоделски производи во Општина Градско. 

На седницата се донесе и Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби во Република Северна Македонија за периодот од 2019-2023 година, а се усвои и Годишниот извештај за спроведување на акцискиот план за спроведување на Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Советот за рамномерен регионален развој учествуваа и министерсжот за локална самоуправа Горан Милески, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за зeмјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министерот за култура Хусни Исмаили, директорот на Бирото за рамномерен развој Рамиз Реџепи, како и градоначалниците на општините, претседатели на осумте плански региони во Република Северна Македонија.
 

Линк до инсерти од Седницата на советот за РРР: 

English
АКТУЕЛНОСТИ: