Прашање 1

Прашање 1: Со првиот јавен повик, за дејноста која ја обавувам немам можност за кредитирање преку Развојната банка, а мојот бизнис е погоден од состојбата, имам значително намалени приходи, неликвиден сум.

 

Одговор: Со првиот јавен повик за кредитирање преку Развојата банка за кое што се обезбедени 5,7 милиони евра за бескаматни кредити таргетирани се најпогодените сектори и тоа угостителство, туризам и товарниот транспорт. Во вториот јавен повик за кредитирање преку Развојната банка што се планира да се објави околу средината на месец април за кое што се обезбедени дополнителни 8 милиони евра,  нема да има ограничување по сектори/дејности, а исто така ќе биде бескаматен кредит, наменет зa микро, мали и средни претпријатија (микрокредитирање). Износот на кредитот ќе биде условен од бројот на вработени во компанијата. Вториот јавен повик е во подготовка, а за сите детали околу оваа кредитна линија како и за објавувањето на јавниот повик ќе бидете навремено и јавно известени.

English