Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

4 мај 2020


Заменичката на престедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска денес  одржа редовна координација со преставници на граѓанските организации Гласен текстилец, Хелсиншки комитет , ХЕРА, Платформата за борба против сиромаштија , Мрежата против насилство врз жените и УНДП. На состанокот преку апликацијата „ЗУМ“  се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и копаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа. Исто така, се зборуваше и за правото на  користење на родителкото платено отсуство за работници коишто имаат деца на возраст до 10 години.

 На состанокот граѓанските организации дадоа свои видувања, предлози и сугестии коишто ќе помогнат во носењето на нови мерки за полесно справување со здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. 
Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и бизнисот, односно никој да не е губитник во оваа криза.
Царовска потенцираше дека според последните податоци од Агенцијата за вработување околу 3.900 лица досега побарале користење на надоместокот поради изгубена работа од кои на 1.900 веќе им е одобрен, а за останатите 1.900 разгледувањето на барањата е во тек. Исто така Царовска напомена дека околу 1.000 досега поднеле барања за користење на гарантиран минимален приход и над 100 барања се веќе одобрени. Ова укажува дека системот на државата е подготвен да одговори и да ги прифати лицата коишто останале без работа и на тој начин да обезбедиме основна егзистенција за оние коишто го изгубиле работното место.
Со сервисите за поддршка на ранливи групи воспоставени преку програмата општинско корисна работа и УНДП во 27 општини,  се вклучуваат околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 лица крајни корисници.
За дополнително зајакнување на најранливите семејства во овој исклучително тежок период почнато е вклучување во општинско корисна работа на околу 50 кориници на ГМП во вкупно 10 општини. Овие лица се активираат во одржување на хигиената во опптините, за дезинфекција на јавните површини и влезовите во зградите за што им се плаќа надоместок.  
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: