Царовска: Владата, синдикатите и граѓанските организации делуваат координирано – Инспекциите реагираат на секое прекршување на работничките права

18 мај 2020


Два пати неделно правиме координација со синдикатите и граѓанските организации, коишто го следат работењето на инспекциските служби, а еден од овие неделни состаноци е и со службите кои вршат инспекциски надзори и сите заедно разговараме за предизвиците со кои се соочуваат вработените или ги разгледуваме пријавите кои се пристигнати до синдикатите и граѓанските организации. Ова за Утрински брифинг го изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

„Овој механизам ни помага како Влада да следиме каде се јавуваат прекршувања, но не само да следиме, туку да посочиме на соодветната инспекциска служба веднаш да реагира. Јас мора да истакнам, ако од Државниот инспекторат за труд имаше големо незадоволство во минатото, сега соработката со синдикатите и невладините организации им е толку блиска, може да се рече на дневна основа, си разменуваат информации и постапуват по пријави од синдикатите и невладините организации. На тој начин компаниите чувствуваат дека инспекциските служби се тука и ја следат нивната работа“, рече Царовска.

Запрашана за можните злоупотреби на финансиската поддршка од страна на компаниите, вицепремиерката рече дека за секој закон или мерка, постои можност да некои компании да ја злоупотребат, но не смееме и не треба да генерализираме, односно само во случај да вакво нешто постои, инспекциската служба да излезе на терен и да ги разреши ваквите ситуации.

Царовска ги охрабри компаниите да аплицираат за мерките.

„Во првите две недели имаше некои движења помеѓу самите компании, во смисла дека ако се побараат средства од државата, таа сигурно ќе дојде потоа во инспекција, а тоа не е така. Кога беше случајо со минимална плата или субвенционирањето на раст на плати, ние велевме искористете ги мерките, искористете ги финансиските средства во буџетот, за да си ги развивате компаниите и да се развива и економијата, а инспекцијата ќе дојде само таму каде има индиции дека се прекршуваат законските прописи, кај оние што работат според законите нема што да се плашат“, рече Царовска.

English
АКТУЕЛНОСТИ: