Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги

20 мај 2020

Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги

за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа)

 

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, спроведуваат проект во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Македонија.

 

За таа цел има намера да спроведе постапка за ангажирање на индивидуални консултанти за следните позиции:

  • Независен експерт за надзор и менторство
  • Супер – администратор (2 позиции)
  • Проектен асистент
  • Специјалист за сметководство

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања ги поканува сите кандидати кои исполнуваат условите да изразат интерес за обезбедување на консултантски услуги. Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.

Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство, ве молиме да доставите ваша Професионална биографија - CV и Писмо за интерес, со јасна назнака за која позиција аплицирате на следната е-маил адреса: Sirera@gs.gov.mk. Последен рок за доставување апликации е 27.05.2020 година до 12:00 часот, локално време.

Деталниот опис на работни задачи и условите за работа за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни на линковите подолу.

 

Terms of Reference – Independent Supervision and Mentoring Expert

Terms of Reference – Super Administrator (2 positions)

Terms of Reference – Project Assistant

Terms of Reference - Accounting Specialist

АКТУЕЛНОСТИ:
Огласи: