Вицепремиерката Царовска на координација со граѓанските организации, синдикатите и инспекторатите: Најважно ни е работниците и работодавачите да ги почитуваат протоколите

1 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, денес  одржа редовен координативен состанок, на којшто присуствуваше дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставници од граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, претседателот на ССМ Дарко Димовски, како и претседателката на Инспекцискиот совет и директорите на неколку инспекторати.

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и поддршка на работодавачите. Исто така ги повика граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работничките права, а инспекторатите да постапуваат по преставките кои стигнуваат до нив од работниците и граѓаните.
На состанокот, преку апликацијата „Zoom“,  се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа.
 

АКТУЕЛНОСТИ: