Вицепремиерката Царовска и директорот Деспотовски во посета на компанијата Индустри сервис – Вложуваме во технолошки развој на компаниите за постигнување повисоки стандарди во производството и подобра конкурентност на пазарот

2 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денес го посетија производствениот објект на компанијата „Индустри сервис“, домашна инвестиција за производство на храна.
Вицепремиерката Царовска рече дека семејните компании, каква што е и Индустри сервис, а кои инвестираат во технолошкиот развој и модернизација на производствените процеси, со поддршка на Владата, може да остварат високи, европски стандарди во производството.

„Во моментов, оваа компанија произведува храна за други компании од производството и обезбедуваат оброци за преку 10 илјади работници во индустријата. Ова не прави горди, не само затоа што со поддршка од Владата и ФИТР тие остварија повисоки стандарди, да остварат технолошки развој и да освојат поголем пазар во државата, туку и во периодот на кризата предизвикана од коронавирусот помогнавме да ги задржат работните места, преку поддршка за исплата на минималната плата, за сите компании во нашата држава кои имаат потреба за тоа. И токму тие 160 вработени кои се во оваа компанија добија таков тип на поддршка. Сакам да напоменам дека на ниво на држава, поддржавме вкупно 120 илјади работници, со мерката за субвенционирање до минимална плата, односно 14.500 денари, за сите оние кои се во ризик да ги отпуштат своите вработени. На тој начин обезбедивме континуитет на работните места и полесно излегување од социо-економската криза, којашто беше директно предизвикана од Ковид 19“, потенцираше вицепремиерката Царовска по обиколката на производствениот погон на компанијата Индустри сервис

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, го изрази своето задоволство што за време на посетата, имаше можност да се види конкретен резултат од еден многу конкретен проект за којшто ФИТР и владата одвоија финансиски средства од 2018 година. 

„Станува збор за средства од околу 10 милиони денари, коишто претставуваат само 5.5% од вкупниот износ на инвестицијата. Тоа значи дека и со минимална поддршка приватната иницијатива може да донесе ваков тип на резултат. Само ќе напоменам дека ова е еден, од скоро 450 проекти коишто ги финансираме во изминативе три години. Можам само да кажам дека и Владата и Фондот покажаа вистинска отвореност, вистинско партнерство кон економијата. Во изминатите три години бројот на компаниите коишто ни пристапија со инвестициски планови зголемен е за 410% во однос на бројката до 2017 година . Бројот на инвестициски планови коишто е поддржан е зголеменза  980% во однос на бројката до 2017 година. Обемот на финансиска поддршка, како пари коишто владата го дала за микро мали и средни компании преку ФИТР во изминатите 3 години е поголем за скоро 3000% во однос на периодот до 2017 година. Ќе напоменам исто така дека сите овие компании минатата година уплатиле 3 и пол милиони евра во буџетот повеќе отколку што компаниите искористиле пари преку ФИТР. Тоа значи дека 3 ипол милиони евра во буџетот останале повеќе како резултат на работењето на овие компании и коишто преку државниот буџет  секако се наменуваат за училишта, патишта и други реални потреби на граѓаните“, нагласи директорот Деспотовски.

Управителот на компанијата Индустри сервис, Филип Смилковски, посочи дека  оваа семејна компанија постои подолг временски период, а со поддршка на Владата успеале да го реализираат нивниот проект - изградба на кујна со најсовремени стандарди.

„Со гордост можеме да кажеме дека по реализацијата на проектот, во кој вложивме многу труд, средства и енергија, денес имаме најсовремена, најмодерна кујна во регионот на Западен Балкан, со можност за подготовка на над 10 000 оброци на дневна основа. Нашиот таргет се странските компании и како таква целна група ние сме секогаш подготвени да одиме напред со нашите стандарди. Исто така сакаме да дадеме поддршка и на владините мерки што ни се од големо значење, делот за поддршка на плати е добредојден за компаниите. Добро е поддршката да продолжи во иднина и добро е да се продолжи фокусот да биде на стопанството затоа што доколку компаниите не работат ќе немаме ни буџет, ќе немаме ни средства да фукнционираме“, управителот на Индустри сервис Филип Смилковски.

 

 

 

Линк до видео со инсерти од работната посета и изјави на вицепремиерката Царовска, директорот Деспотовски и управителот на Индустри сервис Филип Смилковски:

English
АКТУЕЛНОСТИ: