Вицепремиерката Царовска на координативен состанок за подготовка на проектна апликација за Зелен климатски фонд – Утврден е планот на активности и дефинирани клучните сектори за поддршка

21 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, во својство на Национален координатор за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), денес преку видео конференциска врска, одржа координативен состанок за подготовката на третата проектна апликација за „Програма на подготвителност“ на ЗКФ, најголемиот глобален фонд со кој се поддржуваат земјите во развој за справување со климатските промени.

На состанокот, на кој учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменикот министер и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и Санела Шкријељ, претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и претставници на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), беше рагледан и утврден Планот на активности за развој на проектна апликација за третиот проект од „Програмата за подготвителност“ на ЗКФ, претставен од страна GIZ.
 
На состанокот се дискутираше за досега реализираните активности и следните ангажмани на секоја од институциите, при што е потенцирано дека во фокусот на овој проект ќе биде поддршката на институциите кои се директно насочени кон развојот на човечкиот капитал од аспект на климатски промени. Имено, секторите здравство, образование и социјала ќе бидат појдовна основа од каде понатака би се утврдиле специфични потреби за секоја област во соработка со засегнатите институции.
 

АКТУЕЛНОСТИ: