Царовска, Бајрактар и Шкријељ на Меѓународна конференција за кризен менаџмент: Во услови на пандемија покажавме дека се грижиме за сите

12 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и поранешната дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ вчера доцна попладнето учествуваа на он-лајн меѓународна конференција „Улогата на кризниот менаџмент во време на пандемија- меѓусекторска солидарност и соработка“, организирана од Министерството за труд, вработување и социјални прашања на Р. Србија.

На конференцијата чијашто основна цел беше да потикне соработка на институциите од земјите од поранешна Југославија во време на Ковид-19 воведно обраќање имаше нсветскиот експерт од областа на кризниот менаџмент Исак Адижес.
Вицепремиерката во своето обраќање истакна дека Северна Македонија изминатите неколку месеци добро ја менаџира економско-социјалната криза предизвикана од здравствената криза преку создавање на неколку сета мерки во вкупна вредност од 555 милиони евра. Сите мерки беа направени во тесна консулатција со засегнатите страни, а отворивме и кол центар кадешто граѓаните и компаниите можеа директно да се информираат за сите уредби, протоколи и мерки. 
„Во услови на оваа тешка криза како Влада покакавме дека се грижиме за сите и дека никој не заборавен.  Нашата основна цел во овој кризен период беше да ги сочуваме работните места во најпогодените сектори од кризата и навистина успеавме во тоа односно сочувавме околу 75.000 работни места.  Би сакала да напоменам дека најскористена беше мерката за о финансиска поддршка на компаниите во висина на минимална плата од 14.500 денари за исплата на плати. Оваа мерка беше искористена за 120.000 вработени во  22.000 компанија. Компаниите имаа можност да ја користат и мерката за субвенционирање на придонесите на плати, но и бескаматните кредити кои ги обезбедивме преку Развојна банка на Северна Македонија. Во тек е и реализација на посебна линија за инвестирање во време на криза во вредност од 25 милиони евра наменета за компании коишто инвестирале во текот на пандемијата. Во наредниот период ќе следува пакет мерки со поддршка за реалниот сектор кој ќе се финансира со средсва од ЕУ. “, истакна Царовска. 

Заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар истакна дека во време на криза сите права и надоместоци од социјалната заштита продолжија редовно дури и предвреме да се исплаќаат кон корисниците. 
„Покрај заштитата на работните места една од клучните мерки е паричната помош за лицата коишто останаа без работа или беа во неформална економија. Со промена на условите за користење на ова право им овозможивме брз влез во системот за социјална заштита и право на остваруваме на гарантирана минимална помош. Со ова покаќавме дека системот е така дизјаниран што лесно се прилагоува на потребите на граѓаните. Помошта стигнува до оние коишто им е најпотребна“, рече Бајрактар.

Шкријељ којашто како дополнителна министерка активно учествуваше во креирањето на мерките истакна дека најважно во време на криза е да се обезбеди социјална сигурност на граѓаните, а Северна Македонија тоа го понуди.   
„Владата утврди категории на лица кои треба да се ослободта од работа и работни активности. Меѓу нив се хронично болните, но и родителите на деца до 10 годишна возраст како и самохраните родители, кои останаа дома со нивните деца во услови кога не работат градинките и училиштата. Со ова покажавме вистинска грижа кон најмладите, а отсуството од работа на родителите се води како оправдано односно работодавачите имаат обврска да им исплаќаат 100% плата“, рече Шкријељ.

На конференцијата беше заклучено дека е потребна почеста соработка и размена на искуства од земјите од регионот во врска со менаџирањето на кризата предизвикана од Ковид-19. 

АКТУЕЛНОСТИ: