Почетна

Вицепремиерката Царовска на координативен состанок за проектна апликација за Зелениот климатски фонд – Во фокусот на проектот е зајакнување на националните капацитети за поддршка на отпорноста на човечкиот капитал кон климатските промени

5 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, во својство на Национален координатор за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), денес, во Клубот на пратеници, организираше координативен состанок на високо ниво, со цел развој на третата проектна апликација за „Програма на подготвителност“ на Зелениот климатски фонд.

Вицепремиерката Царовска и директорот Младеновски во посета на компанијата Витек – Со мерката „младински додаток“ ги стимулираме младите луѓе да се вклучат во производствените компании

31 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони, Александар Младеновски, денес ја посетија компанијата Витек во ТИРЗ Скопје 1, чија основна дејност е  производство на хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за градежна механизација и други индустрии.

Царовска на Меѓународна е-конференција за жени лидери: Создаваме мерки за јакнење на економско социјалната состојба на жените

29 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, учествуваше и се обрати на Меѓународната е-конференција за жени лидери на тема - „Социјалното и економското влијание на Ковид-19 врз жените и девојчињата“, организирана од MASHAV-Израелска агенција за меѓународна соработка и развој.
Вицепремиерката Царовска истакна дека изминатиот период, вклучувајќи ја и пандемијата, е направен исчекор во креирање политики и мерки со кои се зајакнува социјалната и економската состојба на жените и девојчињата во Северна Македонија. 

Од 78 седница на Владата: Донесена Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2021-2023; Протоколи за кошаркарските клубови и за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови

28 јули 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 78-ма седница, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе Протоколот за работа на кошаркарските клубови при Кошаркарската федерација на Северна Македонија за одржување тренинзи и натпревари без присуство на публика и Протоколот за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/2021 година.

Вицепремиерката Царовска и министерот Милевски на УО на Проектот СиРеРа: Со воспоставување на електронски систем ќе имаме јасна слика за рамномерна распределба на средствата во регионалниот развој

28 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Сибил Зутер Техада, денес одржаа седница на управниот одбор на Проектот за изработка и воведување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа). Проектот се спроведува во координација од Кабинетот на заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и од Министерството за локална самоуправа, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна