Почетна

Владина делегација предводена од Вицепремиерката Царовска на одбележување на 57-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје

26 јули 2020


Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, а во чиј состав беа и министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денес, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година.

Вицепремиерката Царовска на работен состанок за текот на проектот СиРеРа – Електронскиот систем за рамномерен регионален развој се воспоставува со забрзана динамика

23 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, денес, преку видео конференциска врска, одржа работен состанок со вработените во проектната единица која го спроведува Проектот за изработа и воведување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа).

Вицепремиерката Царовска на координативен состанок за подготовка на проектна апликација за Зелен климатски фонд – Утврден е планот на активности и дефинирани клучните сектори за поддршка

21 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, во својство на Национален координатор за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), денес преку видео конференциска врска, одржа координативен состанок за подготовката на третата проектна апликација за „Програма на подготвителност“ на ЗКФ, најголемиот глобален фонд со кој се поддржуваат земјите во развој за справување со климатските промени.

Вицепремиерката Царовска со владин тим на средба со угостители, туристичките работници и транспортери

20 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и Владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителската и туристичката дејност и лица од компании кои се занимаваат со превоз на патници. На работната средба беше истакнато дека овие неколку сектори трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, но со навремено креирање на мерки и протоколи од страна на Владата, сепак, овие фирми останаа ликвидни и во време кога не работеа.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна