Почетна

Вицепремиерката Царовска со владин тим на средба со угостители, туристичките работници и транспортери

20 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и Владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителската и туристичката дејност и лица од компании кои се занимаваат со превоз на патници. На работната средба беше истакнато дека овие неколку сектори трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, но со навремено креирање на мерки и протоколи од страна на Владата, сепак, овие фирми останаа ликвидни и во време кога не работеа.

English

Вицепремиерката Царовска на политички форум на високо ниво на Организацијата на Обединетите Нации го презентираше „Доброволниот национален преглед“ – Северна Македонија е на правата патека за остварување на целите за одржлив развој на општеството

17 јули 2020


Делегација од Република Северна Македонија, која ја предводеше заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, а во која уште беа претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева (како претставник на бизнис заедницата), директорката на тинк-тенк организацијата „Фајнанс Тинк“, Благица Петрески (како претставник на граѓанското општество) и претставничката на младинската мрежа „Y-PEER“, Кристина Ангeлевска (како претставник на младите)  учествуваше на политичкиот форум на високо ниво, организиран од Економско социјалниот совет на ООН (United Nations economic and Social Council - ECOSOC), преку  видео конференциска врска. 

English

Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори

14 јули 2020

Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули 2020 година, среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и истиот нема да се одработува.

English

Насоки за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на дипломати, членовите на нивните семејства и на граѓани со двојно државјанство од овие држави за начинот на транзит и на регулиран привремен или постојан престој во РСМ

10 јули 2020

 

Во функција на операционализирање на Одлуката дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, Главниот координативен кризен штаб ги прифати насоките доставени од Министерството за внатрешни работи изработени во соработка со Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна