Почетна

ВицепремиеротАнѓушев и Министерот Бектеши на Конференција за економија во Црна Гора - започнува нова ера во регионот, подобра соработка помеѓу земјите за раст на економијата

Владина делегација предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, учествува на настаните во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“, која денес и утре се организира во хотел Сплендид во Будва, Црна Гора.

Вицепремиерот Анѓушев и Министерот Филипче на Светскиот инвестициски форум во Женева – Македонија е стабилна земја со добри услови за водење бизнис, странските инвеститори се добродојдени

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денес учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева, во организација на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development).

Вицепремиерот Анѓушев на дебата во организација на Институтот Хеиделберг: имаме едуциран млад кадар, Bладата дава поддршка за младите за да се поттикне претприемачкиот дух

Вчера вечер, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев учествуваше на форумска дебата „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО (влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал)“ во организација на „Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг Скопје“.

Потпишани меморандуми за соработка со УСАИД – реформите во енергетскиот сектор продолжуваат

Денес, во Свечената сала на Владата, беа потпишани меморандуми за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и помеѓу Регулаторната комисија за енерегетика и УСАИД, за „Проектот за развој на регионални енергетски пазари – поддршка на реформите во секторот енергетика“.

Вицепремиерот Анѓушев и министерката Апостолска во Свети Николе – мерките на Владата придонесуваат за индустриски развој на Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, придружувани од градоначаланикот на Свети Николе, Сашо Велковски, реализираа работна посета на општината при што ги посетија производствените капацитети на компаниите БИМ и МИК, едни од поголемите индустриски погони кои успешно функционираат во овој крај.

Компанијата БИМ е една од стотината компании кои согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите имаат потпишано договор за државна помош, кој се однесува на реализирана инвестиција во технолошки развој и бизнис планот за развој на компанијата.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна