Почетна

Вицепремиерот Анѓушев одржа средба со синдикатот на Еурокомпозит 11 Октомври– на 15 октомври ќе се разгледуваат измените на законот за материјално обезбедување на невработени лица, еурокомпозит ќе влезе во преструктуирање

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври Прилеп“ и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство при што и ги информираше дека на 15 октомври, Собранието на Република Македонија на дневен ред ќе го разгледа Предлог законот за измена на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Премиерот Заев: Посилен предизвик за економски развој на Македонија од членството на земјата во ЕУ и НАТО не постои

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска имаа свои воведни обраќања на научната конференција „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“ во организација на Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Владата на Република Македонија, Народна банка на Македонија и Стопанска комора на Македонија. Премиерот Заев во своето обраќање истакна:

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од воспоставување на нашата независност до денес претставува јадрото на македонската интелигенција која низ годините ги поставува правците и насоките за економски и политички развој на Република Македонија. Оваа научна институција преку широкиот спектар на економски научни анализи долги години учествува во креирањето на економски политики.

ЗАПОЧНА НАУЧНИОТ СИМПОЗИУМ „ЕНЕРГЕТИКА 2018“ – ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ: ЕНЕРГЕТИКАТА Е КРВОТОК НА ЕКОНОМИЈАТА И ПОТРЕБНО Е ДОЛГОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ

Големите енергетски предизвици поврзани со пазарот за електрична енергија, производство, имплементација на решенија за паметни мрежи и нивно управување, енергетска ефикасност, екологијата и обновливите извори се дел од темите на научниот симпозиум „Енергетика 2018“

Потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на свеченото отворање на симпозиумот, истакна дека енергетиката е крвоток на една економија, особено важен сегмент на општественото живеење и дека Владата посветува големо внимание за развој на овој сектор. Тој нагласи дека е донесен нов Закон за енергетика, во подготовка е Закон за енергетска ефикасност, а се започнува со сериозно планирање на развојот на енергетскиот сектор, преку креирање на Стратегија за енергетика, која ќе опфати период од наредни 30 години.

Вицепремиерот Aнѓушев: инвестицијата на Прилепска Пиварница во вредност од 3,5 милиони евра ќе допринесе за развој на градежништвото и индустријата

Денес официјлано започна со градба новиот дистрибутивен центар на Прилепска пиварница во Идризово, инвестиција во висина од 3,5 милиони евра, во која се очекува да се вработат над 30 лица од различни профили и степен на образование.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, потенцираше дека Прилепска пиварница е добар пример на домашна компанија, која со квалитетно управување и правилно инвестирање во изминатите 10 години успеа да изгради препознатлив бренд, да се позиционира на пазарот и да ги удвои приходите на компанијата.

Вицепремиерот Aнѓушев од САМИТ 100: алтернатива освен членство во ЕУ нема, регионот мора да биде поефикасен и заедно да работиме на иднината

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, на вториот ден од „Самит 100 – Бизнис лидери од Југоисточна Европа“, учествуваше на панелот „Дали  регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар“ кадешто дебатираше со потпретседателот на Владата на Република Србија д-р Расим Љајиќ, а кој го модерираа претседателката на Самит 100 и член на управен одбор на Горење Груп, Станка Пејановиќ и потпретседателот на Самит 100 и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна