Почетна

Започна со изградба новиот објект на компанијата индустри сервис во гази баба – инвестиција од 1,5 милиони евра и до 100 нови вработувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи  Оливер Спасовски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски на 15 септември 2018 година присуствуваа на свеченоста со која се означи почетокот на изградба на новиот објект на компанијата Индустри сервис во населба Маџари. Вицепремиерот Анѓушев, потенцираше дека оваа нова инвестиција на компанија која е специјализирана за производство на храна за потребите на големи индустриски капацитети е уште еден доказ за процесот на индустријализација кој се одвива во  Република Македонија. Тој дополни дека овој тип на компании се многу важни во индустријата, бидејќи според податоците од Светската организација на трудот, компаниите кои имаат организирана исхрана ја зголемуваат својата продуктивност дури до 20%.

Промовиран проектот за „одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – започна подготовка на софтвер за распределба на буџетски средства

На 14 септември 2018 година, во Свечената сала на Владата, беше презентиран „Проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во соработка со Министерството за локална самоуправа, а со поддршка од Амбаса

Започна јавната расправа за предлог законот за практиканство – младите лица ќе стекнуваат практични вештини преку платена работа

Денес започна јавната расправа за целосно новиот Предлог закон за практиканство, со кој во правни рамки се става оваа дејност и преку кој се дефинираат правата и обврските на практикантите - лица од 15 до 29 години, како и на компаниите кои имаат потреба од ваков вид на кадар.
 

Премиерот Заев и економскиот тим министри ги презентираа параметрите за раст на економијата од 3.1% во вториот квартал 2018 година

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со економскиот тим министри во Владата денеска на прес конференција ги презентираа параметрите на раст на БДП кој во вториот квартал оваа година изнесува 3.1%.

 

ЗПВРМ Анѓушев и МТВ Сугарески: Наследените проблеми се решени, се интензивира изградбата на автопатот Кичево-Охрид

 

Ве информираме дека на денешната седница на Владата на Република Македонија, членовите на Владата го усвоија Предлог на законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна