Почетна

Премиерот Заев и економскиот тим на Владата на средбата со претставниците на стопанските комори: Оваа средба е силна порака на целосна посветеност на економијата, на јакнење на компаниите за повисоки плати и зголемена потрошувачка моќ за граѓаните

_31102020_ПВРСМ_Средба.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со министрите задолжени за економските ресори Фатмир Битиќи - заменик на премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Фатмир Бесими - министер за финансии, Крешник Бектеши - министер за економија, Арјанит Хоџа - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јагода Шахпаска - министерка за труд и социјална политика, Благој Бочварски - министер за транспорт и врски, Насер Нуредини - министер за животна средина и просторно планирање и Венко Филипче - министер за здравство, денеска, на првиот ден од својот мандат, имаа средба со претставниците на стопанските комори во земјата.
 
Веднаш после средбата, премиерот Заев имаше изјава за медиумите којашто ви ја пренесуваме во целост:

English

Свечено преземање на функцијата Вицепремиер за економски прашања – Битиќи и Царовска се согласија дека новата Влада ќе продолжи со креирање на политики и мерки за развој на економијата и за подобар животен стандард на граѓаните

31 август 2020

IMG_1500.JPG


Денес во Владата на Република Северна Македонија беше извршено примо-предавањето на должноста заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори помеѓу досегашната вицепремиерка Мила Царовска и ново назначениот вицепремиер Фатмир Битиќи.

Царовска и Битиќи на официјалното примо-предавање на надлежноста разговараа за  досега сработеното и за идните предизвици поврзани со економскиот раст и развој на Република Северна Македонија. Во срдечна атмосфера обајцата си посакаа многу успех во претстојниот мандат, ефикасно справување со предизвиците и квалитетна соработка, имајќи ја повисоката цел в предвид, а тоа е држава со која сите ќе се гордееме.

English

Одделни средби во Владата на претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес и на претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство

26 август 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката-министерка задолжена за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство д-р Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби денеска ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.

English

Од 82-ра седница на Владата:Усвоени протоколите за физичка настава во основните и средните училишта;МОН задолжен да го промени календарот за почеток на учебната година на 1 октомври;Задолжителен ПЦР тест за државјаните на Косово кои транзитираат низ РСМ

26 август 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 82-ра седница го усвои Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.

English

Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19

21 август 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче, заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, примија делегација на Сојузот на средношколци предводена од претседателот на сојузот Бленди Ходаи.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна