Почетна

Средба на вицепремиерот Битиќи со германската амбасадорка Холштајн – Економската соработка со СР Германија е исклучително добра, Владата останува отворена за соработка на сите нивоа

10 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн,  со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји, справувањето со социо-економската криза предизвикана од коронавирусот, политиките на Владата за новата развојна економија, како и за реформи преку системски решенија со кои би се сузбивала корупцијата и би се намалувала сивата економија во земјата.

English

Средба на премиерот Заев со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД: Владата е посветена на приоритетите на граѓаните во сите области од нејзините надлежности

10 септември 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, се сретна со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД.

English

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши на средба со Занаетчиската комора – Обезбедивме поддршка за занаетчиите во време на кризата, новиот сет на мерки ќе биде насочен кон оние на кои им потребна поддршка

 

9 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со претставници на Занаетчиската комора, кадешто се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите во перидот на социо-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и нивните видувања за начините на поддршка за опстојување и развој на занаетчиството во нашата земја.

English

Средба на вицепремиерот Битиќи со постојаната координаторка на ООН во земјата Дуџак – Агенциите на ООН во Северна Македонија обезбедуваат силна поддршка на институциите за обезбедување на побрз и одржлив економски развој

9 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Северна Македонија, Росана Дуџак, со која разговараа за тековните проекти во кои Владата и државните институции соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка, се со цел обезбедување на побрз и одржлив економски развој на земјата и подобар животен стандард на граѓаните.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна