Почетна

Нова компанија во Технолошко индустриските развојни зони – Турската компанија Мурат Тиџарет потпиша договор за закуп на градежно земјиште

01 декември, 2017 година

Денес во Владата на Република Македонија, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Одржана заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија: Потпишани повеќе меморандуми за зголемување на меѓусебната економска соработка

24 ноември, 2017 година

Вчера во Струмица се одржа првата заедничка седница помеѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија. Се одржаа повеќе билатерални средби, а се потпишаа и десет документи за интензивирање на соработката помеѓу двете земји.

Конфиндустрија Италија отвори канцеларија во Македонија – Вицепремиерот Анѓушев: Со Планот за економски раст ќе стимулираме резултати на компаниите

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев,  се обрати на „Презентацијата на Конфиндустрија Македонија“, во врска со отворање на канцеларија на Конфиндустрија Италија во Република Македонија.

Заврши Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон – Премиерот Заев единствен од регионот со награда за лидерство

16 ноември, 2017 година

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на завршната свеченост на Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон, во име на Премиерот Зоран Заев ја прими наградата „Лидери на Медитеранот“, која се доделува за особен придонес за поттикнувањето на трговијата и инвестициите во Медитеранот.

„Наградата која денес ја примам, во името на премиерот Зоран Заев, е признание за неговата работа, но и за работата на Владата која ја предводи. Бидејќи добро го познавам и имам можност секојдневно да работам со него, тврдам дека оваа награда ќе оди во вистински раце“, изјави вицепремиерот пред присутните.

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Владата, Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија

10 ноември, 2017 година

Со потпишување на Меморандум во Владата на Република Македонија од страна на вицепремиерот за економски прашања, г. Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа г. Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија НЕ Сибил Сутер Техада, отпочнува имплементацијата на нов проект за поттикнување на рамномерниот регионален развој во државата, во вредност од 5,4 милиони швајцарски франци.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна