Почетна

Заев во „ТАБ МАК“ Пробиштип: Се зголемува производството за извоз, пред нас е фаза на економски раст

21 февруари 2021


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов ја посетија словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори во Пробиштип.

Undefined

Од 46-та седница на Владата: Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени од СЗО за употреба во итни случаи

19 февруари 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 46-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку COVAX механизмот  за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19.

Undefined

Потпишан договор со втора странска инвестиција во 2021 година – Турската компанија Пурпласт во првата фаза инвестира 5,1 милиони евра и отвора 40-50 работни места во ТИРЗ Скопје 2

18 февруари 2021


Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат 40-50 лица. Ова денес беше соопштено на прес конференцијата во Владата, кадешто беше потпишан договорот за државна помош за реализација на оваа инвестиција, а на која присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со романската амбасадорка Аксинте – Романија целосно ја поддржува Северна Македонија во евро-интегративниот процес, економската соработка да се продлабочи

17 февруари 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија, Н.Е. Адела Монија Аксинте, со која разговараа за евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија и потенцијалната економска соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Битиќи и Шахпаска на средба со стопанските комори: Недела - ден за неделен одмор е решение кое ќе влијае на поголема продуктивност и благосостојба на работниците

16 февруари 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и советникот на Премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, денес остварија средба со претставници на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ), со кои дискутираа за нацрт решението на измени и дополнувања на Законот за работни односи, кои се однесуваат за „Недела - неработен ден“.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна