Почетна

Мерката за субвенционирање придонеси ја користат 22 илјади компании, покачени се платите на 119 илјади вработени

28 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ја посетија компанијата Босут од Куманово, која произведува ХТЗ опрема и која е корисник на мерката за субвенционирање на придонеси во случај на зголемени плати за вработените, како и на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вицепремиерката Царовска и министерката Апостолска во посета на компанијата „ВИК груп“ - За над 5000 лица е зголемен бројот на вработени во компаниите кои работат во ТИР зоните

26 февруари 2020



Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска денес ја посетија „ВИК груп“, компанија со германски капитал која во технолошко-индустриската развојна зона во с. Алинци,  Прилеп во 2018 година започна со изградба на фабрика за производство на електрични апарати наменети за употреба во домаќинствата.

Царовска, Шкријељ, Јовановска во посета на микро бизнис: 99% од основаните бизниси со самовработување во 2018 година се уште се активни

24 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска денеска посетија бизнис- Центар за пилатес „Пилатес поинт“ основан преку самовработување од Оперативниот план. 

Царовска, Жбогар и Мантованели во Демир Капија: Со вложување во туризмот го развиваме локалниот економски развој

14 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и директорот на Светска Банка за Северна Македонија Марко Мантонавели денеска ги посетија винариите Попова Кула во Демир Капија и Лазар кои се дел од шеесетина проекти за развој на туризмот.
Вкупната инвестиција е 18 милиони евра средства кои се обезбедени од Европската делегација и Светска банка. Преку овие проекти директно се вложува во 10 дестинации низ државата.

Оперативниот план за 2020 година презентиран пред стопанските комори, синдикатите и работодавачите – Околу 12 илјади невработени лица ги вклучуваме во активни мерки и програми за вработување

13 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и постојаната преставничка на УНДП во Северна Македонија Нарине Сахакјан денеска пред преставници на синдикатите, стопанските комори, работодавачите и меѓународните партнери го презентираа Оперативниот план за 2020 година.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна