Соопштенија

Средба Aнѓушев-Брегу: со посилна регионална соработка стануваме поатрактивни за ЕУ

21 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со ново избраниот генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council), г-ѓа Мајлинда Брегу, поранешна пратеничка во албанскиот парламент, министер и портпарол во Владата на Република Албанија.

ДЕМАНТ НА ПРИЛОГОТ „АЛФА ИСТРАЖУВА: СОМНИТЕЛНА ЦЕСИЈА ПОМЕЃУ КОМПАНИЈАТА НА АНЃУШЕВ И ФЕНИ“, ЕМИТУВАН НА ТВ АЛФА НА 7 НОЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ОБЈАВИТЕ НА ПОРТАЛИ „АНЃУШЕВ И УЈП ФАТЕНИ ВО КРИМИНАЛ ВРЕДЕН 1,1 МИЛИОНИ ЕВРА – ФИРМАТА НА МИНИСТЕРОТ ПРАВЕЛА НЕЛЕГ

Почитувани,

Во врска со прилогот „Алфа истражува: сомнителна цесија помеѓу компанијата на Анѓушев и Фени“, емитуван на ТВ Алфа на 7 ноември 2018 година, би сакале да Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев категорично ги демантира лажните вести произлезени од пласираните неточни информации во прилогот на ТВ Алфа и на порталот Лидер, како и на неколку други портали  во врска со наплатата на долгот од Фени Индустри.

Реакција на прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ: Договорот за концесија е склучен во 2015 со поранешната влада, административните постапки се спроведуваат согласно законите на Република Македонија

Во врска со прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на 24-ти октомври 2018 година, ја информираме јавноста, дека повторно, по кој знае кој пат, беа изнесени неточни информации односно невистини преку кои неуспешно се прави обид да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на Претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев.
 

Реакција до ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за концесија е склучен во 2015, државата има обврска да доделува земјиште под закуп за сите хидроцентрали

Во врска со прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на 22-ри октомври 2018 година, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста, дека се работи за изнесување на неточни информации преку кои се прави обид да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на Претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев.

Демант за објавена лажна вест на телевизија Алфа

Почитувани,

 

Владата на Република Македонија во име на претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменик на претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, а се со цел точно, транспарентно и целосно информирање на јавноста Ви го испраќаме следното соопштение во кое е вклучен демант кој се однесува на прилогот емитуван на ТВ Алфа на 11.10.2018 година насловен како „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“.

Pages

Subscribe to RSS - Соопштенија