Соопштенија

Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорката на Република Австрија Коблер: Со Владина поддршка ќе ја унапредиме соработката помеѓу странските инвеститори и домашните компании

6 јули, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев се сретна со амбасадорката на Република Австрија, Н.Е. м-р Ренате Коблер.

На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, при што соговорниците се согласија дека за поздравување е континуираниот раст на меѓусебната трговска размена од 2006 година.

Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорката на Германија Алтхаузер: Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија, соработката во економијата продолжува

6 јули, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер и претставници од Германската развојна банка KfW.

Вицепремиерот Анѓушев се заблагодари за поддршката од германска страна за аспирациите на Република Македонија да стане дел од Европската Унија и за сите активности поврзани со поддршката на регионот на Западен Балкан.

Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорот на Италијанската Република Ромео: Владата на Република Македонија е посветена на обврските од Берлинскиот процес

27 јуни, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република Н.Е. г. Карло Ромео.

Средбата се реaлизираше во пресрет на Самитот за Западен Балкан во Трст, што ќе се одржи на 12 јули, а се одвива во рамките на Берлинскиот процес, за побрза интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија.

Средба на вицепремиерот Анѓушев со делегација на Либанско- македонскиот бизнис совет

22 јуни, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со бизнис делегација од Република Либан, предводена од г. Самер Соуфан (Mr. Samer Soufan), Претседател на Либанско-македонскиот бизнис совет и извршен директор на Арабеле Интернешнл (Arabelle International).

Pages

Subscribe to RSS - Соопштенија