Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
English English
Навигација
  • Почетна
  • Вицепремиер
  • кабинет
  • Односи со јавност
Проекти








прашања и предлози




20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

 



 

 



 

 


.



Владина делегација со бизнис форум во Хонг Конг ја звршува економско- политичката посета на НР Кина
Хонг Конг, 18 мај 2012 година


Со презентација на инвестициските можности на Република Македонија на бизнис форум во Хонг Конг денеска завршува посетата на владината делегација на Народна Република Кина. Бизнис презентацијата на Македонија во Хонг Конг е прва од ваков тип и досега вакво нешто не направила ниту една наша владина или деловна делегација. Во рамки на посетата на Хонг Конг, премиерот Никола Груевски оствари средба и со Доналд Цанг, извршен шеф на Специјалниот административен регион на Хонг Конг.
  • >>Прочитај повеќе
Владина делегација на бизнис форум во Шангај, НР Кина
Шангај, 17 мај 2012 година


Владината делегација денес присуствува на бизнис- форумот во Шангај, 22 милионски град во источна Кина, чиј економски раст за минатата година е 8 проценти и во кој се развиени сите индустриски гранки.
  • >>Прочитај повеќе
Владата договори извоз на македонско вино во НР Кина
НР Кина, 16 мај 2012 година


Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од Македонија за извоз на македонското вино од Македонија во Кина. Станува збор за компанија која за потребите на Кина увезува вино од целиот свет и која има повеќе од 600 дистрибутивни единици.


Претседателот на кинеската дистрибутивна винска компанија, Фу Сјуе Ју, на синоќешната презентација и дегустација во рамки на бизнис форумот во Ченгду, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании.
  • >>Прочитај повеќе
Кинеските компании преку Македонија без бариери до европските пазари
Пекинг, 14 мај 2012 година


Македонија е мала европска економија, но таа е во подем и спроведува брзи реформи, а и значително ја прошири својата меѓународна трговија и финансиска интеграција.


Ова премиерот Никола Груевски го истакна на бизнис форум во Пекинг, претставувајќи ги економско-инвестициските политики на Македонија пред повеќе од 140 претставници на кинески компании.
  • >>Прочитај повеќе
Владина делегација во политичко- економска посета на НР Кина
Пекинг, НР Кина, 13 мај 2012 година


Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски во чиј состав се и Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и директор на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Висар Фида од денеска престојува во политичко- економска посета на Народна Република Кина.


Делегацијата својот работен дел го започна со средба со делегација на кинеската државна компанија „Синохидро“, предводена од Џанг Јунли, претседател на компанијата. „Синохидро“, чиј делокруг на работа опфаќа инвестиции и реализација на проекти во енергетиката, инфраструктурата и недвижностите во својата област е најреномирана компанија во Азија и една од првите пет најреномирани во светот.
  • >>Прочитај повеќе
123456789…СледнаПоследна
Syndicate content